Лацио во четвртфинале на Купот: Муричи во 95-та минута ја реши Парма (ВИДЕО)

Косовецот Ведат Муричи, кој летоска го засили Лацио од турски Фенербахче е херојот на „орлите“ со голот во 95-та минута по кој римскиот калчолигаш победи со 2-1 против Парма и го обезбеди четвртфиналето во Купот на Италија.

Сѐ изгледаше дека продолженија ќе се играат во Рим, откако Парма на седум минути пред крајот на мечот успеа да израмни преку Михаила, откако Пароло во 23-та минута го донесе водството во мечот, но Косовецот Муричи го претрка главниот судија, па кога сите чекаа мала пауза и дополнителни пола час игра – даде гол.

Одлично скокна на последниот центаршут напаѓачот и ја затресе мрежата на Симоне Коломби за голема радост на лацијалите, кои сега во четвртфиналето ќе се соочат со Аталанта во Бергамо.