Лацио на македонски погон? „Орлите“ после Адеми го сакаат и – Стефан Ристовски!

Откако пред два дена беше објавено дека римски Лацио ептен го сака Аријан Адеми, македонскиот репрезентативец од Динамо Загреб, за кој нуди 10 милиони евра, италијански медиуми денеска објавија дека и втор Македонец е на радарот на „орлите“ - Стефан Ристовски.

Римјаните сакаат да го купат Давиде Ѕапакоста од Челси, но во последниот период речиси сигурниот трансфер полека се изјаловува, а на Симоне Инѕаги му се брза да најде добар десен бек. И сега втора опција, која е и далеку поеврина е десниот репрезентативен бек во Спортинг Лисабон, Ристовски.

Наводно за пет-шест милиони евра Лацио би можел да го добие Ристовски, кој веќе има искуство од играње на Апенините зашто беше дел од Парма, Латина, Фросиноне, Специја. Сега на ред е Лацио да успее да го убеди Спортинг за трансфер на Ристовски, особено што по повредата македонскиот репрезентативец некако е во втор план кај тренерот Гаспар.Ристовски ланското лето замина во Спортинг од Риека за трансфер вреден 2,5 милиони евра, а сега портигалскиот гигант може да заработи двојно од тоа што инвестирал во бекот.

Лацио има градско дерби со Рома за Аријан Адеми, па ако „орлите“ успеат во своите намери тогаш римскиот клуб би бил на „македонски погон“. Треба да се спомене и фактот дека Лацио понудил 15 милиони евра до Фенербахче за да го купи бисерот Елиф Елмас.

Од 2010 година во овој клуб нема Македонец, а претходно голем белег остави Горан Пандев со шест години во овој клуб.