Лацио му одржа лекција на Милан сред „Сан Сиро“ - за финале! (ВИДЕО)

Лацио е првиот финалист во Купот на Италија откако со 1-0 славеше на реванш натпреварот против Милан на гостински терен. Првиот дуел во Рим заврши без голови. 

„Лацијалите“ сосема го заслужија пласманот во финалето, бидејќи комплетно го надиграа очајниот Милан. Џенаро Гатузо експериментираше со составот и на теренот истрча со нова формација 3-4-3. 

Гостите тоа го искористија за комплетно да доминираат на „Сан Сиро“ и да слават благодарение на голот на Хоакин Кореа, кој искористи еден молњевит контранапад во второто полувреме.

Лацио заслужи и далеку поубедлива победа, бидејќи имаше огромен број на шанси. Да не беше Пепе Реина на голот на „росонерите“ тоа ќе беше вистински дебакл за „росонерите“.

Вториот финалист ќе биде познат утре кога реваншот го играат Фиорентина и Аталанта. Првиот натпревар заврши 3-3.