Лацио им се врати на победите во Серија А: Парма немоќна на „Олимпико“ (ВИДЕО)

По двата врзани порази од СПАЛ во Серија А и Клуж во Лигата на Европа, Лацио се врати на победничките патеки со триумф од 2-0 против Парма во рамки на 4.коло во италијанскиот шампионат. 

Чиро Имобиле уште во осмата минута ја најави победата, а точка на натпреварот стави Адам Марушиќ во 67-та минута.

Лацио со оваа победа се наоѓа на 5.позиција на табелата во Серија А со седум бода, пет помалку од лидерот Интер.