Шпанските клубови не смеат да рекламираат обложувалници на своите дресови

Обложувалниците повеќе нема да смеат да бидат спонзори на дресовите на шпанските клубови во Ла Лига, почнувајќи од идната сезона.

Ваквата одлука директно ќе влијае на финансиите на осум клубови од шпанската елита, кои моментално на своите дресови рекламираат обложувалници. Валенсија, Легањес, Алавес, Мајорка, Гранада, Севилја, Осасуна и Леванте моментално на своите дресови како главни спонзори имаат компании за он-лајн обложување.

Во Шпанија се менува законот за рекламирање на коцкарници и обложвалници и според новите правила, овие компании можат да се рекламираат на телевизиите само во раните утрински часови, односно од 1 наутро до 5 часот наутро.

Оваа одлука автоматски се пренесува и во фудбалот, па клубовите чии главни спонзори се обложувалниците ќе мораат да ги раскинат актуелните договори и да бараат нови спонзори.

Спортските обложувалници и коцкарници ќе можат да ги спонзорираат клубовите, но не смеат да бидат на дресовите.