Ла Лига за Барди: Ласерски прецизно, никој не може така да погоди (ВИДЕО)

Макеоднскиот репрезентативец Енис Барди е вистинска сензација во Шпанија и во новата сезона, откако својот прв гол против Гетафе го постигна неверојатно мајсторски, па шпанската јавност дури и го прогласи за најдобар изведувач на слободни удари.

Најдобрата фудбалска лига, шпанската Ла Лига не остана имуна на бројните пофалби за Барди, па денеска му оддели посебен простор на својата интернет-страница, за да посочи дека како Барди нема друг – ласерски прецизен мајстор.

Барди откако лани дојде во Леванте досега даде десет гола за својот клуб, а шест од нив од слободен удар и тоа со неверојатна прецизност од 24 отсто, речиси двојно повеќе од најголемата ѕвезда на Пиринеите, Лионел Меси од Барселона.