Ла Лига одлучи кој беше најдобар во ланската сезона!

Речиси една деценија траеше трката помеѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо околу то кој е најдобар фудбалер на Пиринеите.

Јасно, тие водат главен збор кога во прашање е меѓународниот фудбал, но навивачите уживаа додека се натпреваруваа во иста лига.

Изминатото лето Роналдо се пресели во Јувентус каде води битка со други конкуренти, а Примера ги објави имињата на добитниците на наградитеи Пичичи (најдобар стрелец) и Алфредо ди Стефано (МВП на шампионатот) за минатата сезона.

И двете признанија ги доби Меси кој со Барса освои двојна круна и постигна неверојатни 38 гола на 42 настапи во сите шпански натпреварувања.

Од друга страна, пак, Роналдо застана на бројката од 26 гола на 27 настапи, притоа не успеа да освои ништо со Реал во Шпанија, па нградата очигледно заврши во вистински раце.