Ла Лига го објави распоредот на натпреварите за првите две пост-корона кола

Шпанското фудбалско првенство официјалниот рестарт на сезоната ќе го има на 11 јуни, кога ќе започне 28-то коло.

За овој ден е закажано големото севилско дерби помеѓу Севилја и Бетис. Во петок 12 јуни ќе се играат два натпревари, Гранада против Хетафе, а нашиот Енис Барти и Леванте ќе гостуваат кај градскиот ривал Валенсија.

Барселона во недела (13 јуни) гостува кај Мајорка, додека Реал Мадрид утредента го пречекува Еибар.

ЛА ЛИГА 29.коло
Леванте - Севилја (15 јуни)
Бетис - Гранада
Хетафе - Еспањол (16 јуни)
Вилјареал - Мајорка
Барселон - Легањес
Еибар - Атлетик (17 јуни)
Валјадолид - Селта
Осасуна - Атлетико М.
Алавес - Сосиедад (18 јуни)
Реал Мадрид - Валенсија