Кутроне е џокерот на Милан: Со два гола во продолжението ја урна Сампдорија (ВИДЕО)

Милан изминативе две сезони се изнадава пари за да купи напаѓачи како Андре Силва (45 милиони евра), Никола Калиниќ (22 милиони) и минатото лето Гонзало Игуаин, но на крајот најдобриот голгетер го има од своите редови - Патрик Кутроне. 

Дека напаѓачот е светла иднина на „росонерите“, но и на италијанската репрезентација покажа и вечерва во Куп дуелот против Сампдорија. Џенаро Гатузо му даде шанса во продолженијата, откако натпреварот на „Мараси“ по регуларните 90 минути беше 0-0.

Кутроне веднаш ја направи разликата и со два фантастични гола го одведе својот тим во четвртфиналето, каде ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Сасуоло и Наполи.