Кризен состанок: Зидан и Перез се договориле за прекин на сорaботката, ама не веднаш!

Европскиот шампион Реал Мадрид минува низ тежок крисен период поради кој веќе извесно е дека потребна е комплетна реконструкција на тимот од „Сантјаго Бернабеу“, а како што објави „Марка“, угледниот спортски весник многу близок до „кралевите“, веќе е одржан кризен состанок помеѓу првиот човек Флорентино Перез и тренерот Зинедин Зидан.

Според весникот, Перез и Зидан на состанокот се договориле да ја прекинат соработката, но не веднаш, туку на крајот на сезоната, па мадридскито великан летово ќе бара нов стратег, што многупати шпанските медиуми го најавивја во изминатиов период, потенцирајќи дека прв пик на Перез е германскиот селектор Јоаким Лев.

Зидан останува на клупата до крајот на сезонава, затоа што Перез нема намера на неполн месец до осминафиналето во ЛШ да „направи проблем“, па задача на Зидан кога веќе е загубена титулата во Ла Лига, да го крене тимот во елитното натпреварување и да го помине гигантот Пари Сен Жермен.

Се потенцира дека дури и со нов трофеј во ЛШ, кој би бил трет во низа за Зидан нема да донесе промена во одлуката која е донесена на кризниот состанок и дека француската легенда и поранешен играч на Реал Мадрид и на Јувентус сигурно ќе си замине. Француските медиуми, пак, пред половина година го најавија Зидан како иден селектор на „триколорите“ по СП во Русија летово.