Критиката на министерот вроди со плод: Премиерлигата ќе донира дури 20 милиони фунти!

Премиерлигата ќе донира фантастични 20 милиони фунти за НХС (Националниот здравствен сервис) за помош во борбата против коронавирусот. 

Оваа реакција на најсилното фудбалско првенство доаѓа само еден ден откако министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок сериозни ги искритикува фудбалските клубови и скапо платените ѕвезди, што не се согласуваат на помала плата и не се вклучуваат во хуманитарните акции и не донираат средства за оние кои се најмногу погодени од пандемијата.

„По оваа донација, лигата останува посветена и ќе продолжи да ги подржува сите медицински лица во иднина, како и луѓето во заедниците, кои се најпогодени од оваа ситуација. Лигата, клубовите и сите фудбалери изразуваат голема благодарност за медицинските лица за нивниот хероизам и сите други луѓе кои продолжуваат да ја работат својата работа во овие тешки околности“, стои во соопштението на Премиерлигата. 

Капитените на сите премиерлигашки клубови наскоро ќе имаат видео конференција на која ќе разговараат за прифаќање на помали плати додека трае суспензијата на лигата. Предлогот е нивните плати да се намалат за 30 отсто, а парите да одат за оние вработени во клубовите кои не се дел од играчкиот кадар Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон пак на своја рака реши да организира хуманитарен фонд и ги повика сите фудбалери да се вклучат во акцијата, а парите ќе бидат донирани во борба против коронавирусот.