Кратко траеше авантурата во Катар: Манџукиќ раскина со Ал Духаил

Марио Манџукиќ е слободен фудбалер откако го раскина договорот со катарскиот тим Ал Духаил.

Хрватот денеска ја соопшти веста на социјалните мрежи и им се заблагодари на своите поранешни работодавци за гостропримливоста  и му посака се најдобро во иднина на клубот.

Голгетерот одигра само 10 натпревари за клубот откако пристигна во декември од Јувентус и постигна два гола. Манџукиќ во својата богата кариера играше за Јувентус, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Волфсбург, Динамо Загреб, Загреб и Марсонија.