„Кралевите“ пред драконска казна од УЕФА: Реал мора да ги продава своите ѕвезди! (ФОТО)

Шпанскиот фудбалски гигант, екипата на Реал Мадрид, минатото лето реши да ја „одврзе ќесата“ и потроши околу 350 милиони евра на засилувања.

После лошата минатата сезона во која не освои ниту еден трофеј, „Кралскиот“ клуб ги донесе Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитао, Родриго и Ферланд Менди.

Сепак, шпанската „Марка“ сега пишува дека Реал Мадрид ќе мора да заработи 200 милиони евра од продажба на играчи за да ја балансира финансиската година.

Иако Маркос Љоренте, Кејлор Навас, Раул Де Томас, Матео Ковачиќ и Тео Хернандез, беа продадени, сепак Реал потроши повеќе од заработените.

Сега, според шпанскиот весник, тој се соочува со казна од Ла Лига или УЕФА доколку не ги балансира своите финансиски сметки.

Се сметаше дека Реал Мадрид ќе направи многу пари од продажба на Хамес Родригез или Герет Бејл ова лето, но на крајот и двајцата останаа на „Сантијаго Бернабеу“.