Костовски во 92. минута донесе важно реми за Етникос

Етникос Ахна успеа да освои важен бод во борбата за опстанок, откако во ремито против Неа Саламис херој беше Јован Костовски со гол во 92. минута.

Костовски влезе како резервен фудбалер во 66. минута на теренот, а му донесе голема радост на Етникос во судиското надополнување, откако ги постави конечните 2-2.

Екипата на Костовски во моментов е во опасната зона со 21 бод, односно два бода помалку од сигурната позиција, на која се наоѓа Паралимни.