Конте со остри критики до Ериксен: Ова не ти е Англија, тука очекувањата се поголеми

Предводникот на Интер испрати остри критики кон Кристијан Ериксен.

Данскиот репрезентативец не се најде во стартните 11 против Торино, па новинарите по мечот го прашаа италијанскиот стручњак дали постои некој проблем со Ериксен.

Тој треба да одржува биланс и секогаш да игра на високо ниво. Очекувањата се големи во Италија и за него е јасно дека се приклучи на клуб кој има со големи амбиции. Работев во Англија и ситуацијата таму е многу полесна, многу помирна отколку овде. Тој е посветен и работи добро, но треба да ги донесам најдобрите одлуки за Интер. Имаме добар тимски дух, но мора да го подигнеме квалитетот на играта, истакна Конте.

Интер моментно е на второто место на табелата, пред Лацио и Аталанта.