Конте си бара алиби: На Мурињо му беше лесно во Челси!

Менаџерот на лондонскиот гигант Челси, Антонио Конте порача дека на Жозе Мурињо му било полесно да работи на „Стемфорд бриџ“, отколку на него во моментов.

Конте во минатата сезона стана англиски првак со Челси, но сега е на чекор да остане без пласман во Лигата на шампионите, па според многумина Италијанецот сега си бара алиби за неуспесите во оваа сезона.

„Можев подобро, јас така размислувам и тоа е мој менталитет, но не заборавајте дека Мурињо имаше 72 победи пред многу години. Сега е многу потешко да имате ткви резултати со Челси. Ова е поинаква ера во клубот. Постојат други работи и тоа мора да се земе в предвид“, вели Конте.

Челси утре против Саутемптон ќе игра во полифиналето во ФА-купот и тоа е единствена шанса за „сините“ да освојат барем еден трофеј во сезоната. Но, без оглед на исходот и евентуалниот трофеј во најстарото островско натпреварување, веќе извесно е дека Конте си заминува од Лондон на крајот на сезоната.