Конте намерно се скарал со раководството за да може да преземе лут ривал на Интер!?

Италијанскиот стратег Антонио Конте на крајот на сезоната би можел да го напушти Интер, иако постигна солидни резултати во минатата сезона.

Интер заврши на втората позиција и обезбеди пласман во Лигата на шампиони, но Конте не е во добри односи со раководството на екипата, па се шпекулира за негово заминување.

„Ла Република“ објави дека Конте намерно се скарал со управата на клубот за да може да го преземе Јувентус. Наводно, ако Маурицио Сари добие отказ, тогаш Конте ќе биде главен кандидат за кормилото на „Старата дама“.

Секако, тоа зависи од резултатите на Јувентус во Лигата на шампиони, а ако испаднат наскоро, тогаш на Сари ќе му нема спас.