Конте и Ди Франческо постигнаа договори со новите клубови

Според италијанските медиуми, Антонио Конте и Еузебио ди Франческо имаат нови тимови. Поранешниот тренер на Челси, веќе некое време е без клуб, а според информациите тој се договорил со Интер.

Конте на клупата на „нероаѕурите“ ќе го замени Лучијано Спалети кој си заминува на крајот од сезоната, а клубот од „Џузепе Меаца“ за поранешниот италијански селектор подготвил четиригодишен договор.

Што се однесува до Еузебио Ди Франческо тој е уште под договор со Рома, иако во март ги напушти римјаните. Откако, ќе го раскине договорот со „римската волчица“ тој ќе стане нов тренер на Севиља, каде повторно ќе соработува со поранешниот директор на Рома, Мончи.