Конте ги премина границите: Не е нормален што им направи на играчите по победата над Милан!

По синоќешната победа на Интер против Милан (2-0), тренерот на „нераѕурите“, Антонио Конте, оние играчи кои не одиграа ниту една минута ги испрати да тренираат, додека нивните соиграчи се тушираа и славеа во соблекувалната.

Овој мал чин ја покажува лудата етика на работата на Конте и вредноста што тој ја дава со напорна работа и фокусираност.

Токму дисциплината е најважната работа за Конте, кој веднаш откако дојде во Интер ја пренесе во соблекувалната. Прво што направи, ги избрка Икарди и Наинголан, бидејќи изминатата сезона носеа само револт во редовите на Интер.

Ваквите методи носат резултати, бидејќи Интер има четири победи во исто толку кола во Серија А, а последната е остварена на „гости“ кај лутиот ривал Милан. Единствениот натпревар на кој Интер доживеа неуспех е во ЛШ, кога ремизираше на „Меаца“ со Славија од Прага (1-1).