Комична сцена во Барселона: Продаде фудбалер пред еден месец, а денес си го врати назад

Пред месец дена тимот на Еибар објави дека го договорил трансферот со Марк Кукуреља од редовите на Барселона. Но, денеска Каталонците обавија дека Марк Кукуреља е старо - нов играч на шпанскиот шампион.

Сите се прашуваат што се случи? Кукуреља минатата сезона замина на позајмица во Еибар, бидејќи во редовите на Барса немаше место за него. Беше еден од најдобрите фудбалери во Еибар, кој одлучи да ја активира клаузулата во договорот и да го купи за два милиони евра.

За среќа на Барселона, Каталонците се осигурале со тоа што му вградиле уште една клаузула, односно да го врата за двојно поголема цена. Поради тоа шпанскиот шампион му ги врати двата милиони евра на Еибар и му додаде уште два за да го врати младиот фудбалер на „Ноу Камп“.

Минатата година Кукуреља, кој има 20 години и игра на позицијата лев бек, одигра 33 натпревари и постигна еден погодок, и тоа против тимот на Барселона.