Коментарот кој стана вирален хит: Како Јунајтед се претвори во гигант за потсмев!

Манчестер јунајтед денеска го смени Жозе Мурињо по три години на клупата на „црвените ѓаволи“, по неисполнети цели, со сериозен заостаток дури во битката за место во Лигата на шампионите, па сега на англискиот великан сите му се потсмеваат.

Јунајтед важеше за клуб кој поставуваше стандарди на Островот, имаше долгогодишен менаџер во „стариот лисец“ сер Алекс Фергусон, освојуваше титули, стануваше европски првак и секојпат беше во игра за титулата. Што е најважно, никогаш не трошеше многу пари.

Но, по заминувањето на легендарниот Ферги во пензија, сето тоа се промени и Јунајтед буквално го загуби компасот. На крај, еден коментар го отсликува Јунајтед во сегашноста, а за сето тоа „црвените ѓаволи“ им се потсмеваа на ривалите.

Но, тркалото се сврте.

„Манчестер јунајтед стана сè тоа на кое едно време се потсмеваше. Троши пари како Сити, зборува за историја како Ливерпул, цели на четвртата позиција како Арсенал и менува тренери како Челси“, беше коментарот кој стана хит на Островот.