Кој ќе го замени Гатузо?

Џенаро Гатузо најверојатно ќе го напушти Милан по завршувањето на сезонава. Раководството на „росонерите“ не е задоволно од начинот на кој поранешниот фудбалер од средниот ред го води клубот па затоа одлучија да побараат нов тренер.

Новиот директор на клубот Иван Газидис разгледува неколку опции, а најголеми шанси во моментов им се даваат на двајца тренери кои во моментов работат во Англија. Станува збор за менаџерите на Челси и Арсенал, Маурицио Сари и Унај Емери.

Газидис предност му дава на Емери затоа што сака на клупата да седне тренер кој не е Италијанец, а 47 годишниот стратег за сега му е прв избор. Ако не успее да го потпише него тогаш ќе се сврти кон Сари кој сигурно ќе го напушти Челси на крајот од сезоната.