Кој друг ако не Меси: Рекордна петта „Златна копачка“

Лионел Меси денеска ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец за изминатата сезона 2017/2018. Аргентинецот по петти пат во кариерата ја добива оваа награда и постави нов рекорд. 

Фудбалерот на Барселона минатата сезона постигна 34 голови во Ла Лига и успеа да ги победи Мохамед Салах со 32 и Хери Кејн со 30 голови во Премиерлигата.

Меси претходно ја освојуваше „Златната копачка“ во 2009/2010 (34 голови), 2011/12 (50), 2012/13 (46) и 2016/17 (37).