Кој би бил идеална замена за Дембеле во Барса? Се знае - Роналдињо!

Откако се повреди Осман Дембеле, Барселона остана на цедило, барем, за следните четири месеци. Талентираниот напаѓач утре ќе биде опериран и му предвидуваат долго закрепнување. За тоа време барса останува без 105 милиони евра, но и без напаѓач.

За светските медиуми ова беше идеален повод за шпекулирање и нагаѓање - кој би го заменил Дембеле? Најголемо внимание привлече порталот „Гол“, кој напиша дека на „Камп Ноу“ би можел да се врати Роналдињо.

„Во моментов е дел од екипата на ‘Легендите на Барселона’, но тој никогаш официјално не објави пензионирање, иако има 37 години. Ако дојде во тимот, тоа би било неверојатен трансфер, бидејќи Бразилецот уште е голем фаворит кај навивачите по петте години во Барселона и двете титула во Ла Лига, едната во Лигата на шампионите“, пишува „Гол“.

Покрај Роналдињо, на листата можни заменици на Дембеле ги споменуваат Антонио Касано, Хозе Антонио Рејес, Диего Капел, Диего Форлан, Марк Гонзалес и Френк Малуда.