Кога Роналдо е стариот, Реал Мадрид гази со леснотија (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо беше играч на натпреварот против Џирона, откако постигна четири голови и имаше една асистенција во победата од 6-3 на „Сантијаго Бернабеу“ во рамки на Ла Лига. 

Португалецот едноставно беше нерешлива енигма за противникот со своите четири гола. По еднаш во листата на стрелците се запишаа Лукас Васкез, по асистенција на Роналдо и во финишот точка на победата стави Герет Бејл. За гостите од Каталонија два гола постигна Кристијан Стуани, а во финишот погоди и Хуанпе.

„Кралевите“ го искористија киксот на градскиот ривал Атлетико Мадрид и ја намалија негативата на -4 бодови. Актуелниот првак сега има шанси да дојде и до втората позиција на табелата. Засега Барселона е недостижна за Реал Мадрид, која на првата позиција има 75 бодови или 15 повеќе од својот лут ривал.