„Кога имав 13 години почина татко ми, а мене ми остана да го спасам семејството“

Францускиот фудбалер Мамаду Сако во моментов го носи дресот на Кристал Палас, но многумина веруваат дека можел да направи и подобра кариера.

Сако играше за ПСЖ пет сезони, а потоа во 2013 година потпиша за Ливерпул. Тој беше стандарден во нивните редови, но почна да прави проблеми и клубот го продаде.

Французинот потпиша договор со Кристал Палас до 2021 година, а во интервју за медиумите призна дека можел да напредува многу повеќе.

„Во Париз постоеја банди по улиците и секој припаѓаше на некоја од нив. Бев во лошо друштво на 13 години. Сепак, се случи трагедија и го загубив татко ми, по што многу работи во мојата глава се променија. Тогаш знаев дека моја одговорност е да го спасам семејството. Тој ден знаев дека ќе станам фудбалер. Сакав да заработувам доволно пари за да може моето семејство да живее нормално“, открива Сако.