Клубот на Енис Барди донираше огромен број медицинска опрема

Леванте се вклучи во хуманитарната акција за борба против коронавирусот по примерот на голем број фудбалски клубови ширум Европа. 

Тимот за кој игра нашиот репрезентативец Енис Барди собра пари преку хуманитарна акција и купи 6.000 заштитни одела, 6.000 заштитни очила и 150.000 заштитни маски. Опремата ќе биде донирана во локалните болници во Валенсија, како и во домовите за стари лица.

Леванте својата хуманитарна акција ја продолжува до 31 март, па сите заинтересирани кои сакаат да помогнат имаат уште два дена да донираат средства.