Клоп за него вели дека нема одбрана, па сега го сака во Ливерпул

Ливерпул е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре и веќе го направил првиот контакт за трансфер.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп во една прилика изјави дека Шпанецот едноставно е фудбалер за кој нема одбрана поради неговата брзина. Траоре дојде кај „волците“ пред две години од таборот на Мидлсборо за 18 милиони фунти, а сега ќе биде во искушение да му се приклучи на најдоминантниот тим во Англија.

Ливерпул нема добри замени за Мохамед Салах и Садио Мане на крилните позиции, па Траоре треба да биде играчот кој ќе им помага на овие двајца фудбалери. Џердан Шаќири ќе си замине летово, па Траоре доаѓа како негова замена.

Моменталната цена на поранешниот член на Барселона моментално е околу 40 милиони евра.