Клоп во свој стил: Добредојде Мурињо, очајно сакаше да се вратиш!

Лидерот во Премиерлигата, екипата на Ливерпул, утре ја очекува незгодно гостување кај тимот на Кристал Палас.

Менаџерот на тимот од „Енфилд“, Јирген Клоп, пред натпреварот од 13. коло даде свое видување кога е во прашање новиот менаџер на Тотнем, Португалецот Жозе Мурињо.

Добредојдовте назад Жозе! Убаво е што се врати. Тој очајно сакаше да се врати. Од друга страна, ова ни кажува колку брзо може да се променат работите. Маурисио направи одлична работа во Тотнем. Тој е извонреден менаџер - никој не се сомнева во тоа, добар човек..., истакна Клоп.

Натпреварот помеѓу Кристал Палас и Ливерпул се одигра утре во 16 часот.