Клоп се откажа од борбата за титула: Ова е огромен удар за мене!

Ливерпул вчера беше шокиран на домашен терен со 0-1 од Барнли и така продолжи кризата на актуелниот англиски шампион.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше нервозен во текот на целиот натпревар, а по поразот кажа дека престанал да размислува за титулата.

„Ова е огромен удар во моето лице, моја е одговорноста, тоа е лесно да се објасни. Ја имавме топката, не создававме шанси и тоа го остави отворен натпреварот. А потоа добија пенал, Алисон ми кажа дека не го допрел противникот, но не ја видов снимката. Во моментов не се гледаме во борбата за титулата“, вели Клоп.