Клоп планира да го ангажира својот сонародник од ПСЖ

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп планира на лето да донесе неколку засилувања, а на управата наводно им ја покажал неговата листа со желби.

„Црвените“ бараат замена за Филипе Кутињо, кој во јануари замине во Барселона, па Клоп смета дека Јулијан Дракслер е идеално решение.

Ливерпул вчера го победи Вотфорд со 5-0 со четири голови на Мохамед Салах и очигледно е дека нема голгетерска криза, но без разлика на тоа, Германецот бара да биде ангажиран поранешниот играч на Шалке.

За Дракслер е заинтересиран и Арсенал, па би можела да се води голема битка за неговиот потпис на лето.