Клоп: Немавме пари да го вратиме Кутињо назад во Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека неговиот клуб немал финансии да го врати Филипе Кутињо назад на „Енфилд роуд“. 

Бразилецот пред 18 месеци се пресели на „Камп Ноу“ за нешто повеќе од 120 милиони евра, плус бонуси.

„Можеби звучи чудно, но не можевме да си го дозволиме Кутињо“, вели Клоп. „Ние веќе ги инвестиравме парите што ги добивме од него. Тој е фантастичен играч и одлично момче. Ние не ни сакавме да го продадеме, но Барселона не примора со парите, ако може така да кажам. Тој е играч, кој самиот може да ги менува натпреварите на позитивно. Не е добро за Дортмунд што тој замина во Баерн, но секако дека трансферот е многу добар за Бундеслигата“, додава менаџерот на Ливерпул.

Кутињо за Ливерпул играше 4 ипол сезони и настапи на 201 натпревар и постигна 54 голови во сите конкуренции.