Клоп: Не знам како некој не гледа дека Пеп е најдобар тренер на светот!

Недела е „денот Д“ кој веројатно ќе го решава идниот англиски првак, зашто на програмата е пресметката за круната на првакот и лидер Манчестер сити против Ливерпул, битка на два извонредни томови, но и специјална тактичка битка на едни од најдобрите тренери во моментов Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.

Германскиот менаџер на Ливерпул, кој од доаѓањето на „Енфилд роуд“ донесе една европска круна и една премиерлигашка титула, прва по 30 години во 2020 година, упати илјадници пофалби за својот колега, посочувајќи го како – најдобриот тренер на светот.

„Пеп е најдобриот тренер на светот. Ако некој воопшто се сомнева во тоа... Јас навистина не разбирам како може некој тоа да не го гледа. Само погледнете што сѐ освои и каков фудбал играат тимовите кои ги водел“, вели Клоп.

Иако цела Англија е убедена дека ова дерби ќе го реши првенството, Клоп смета дека до крајот ќе биде неизвесно, зашто никој нема премногу да избега без оглед на резултатот.

„Ајде да ги видиме сите можни исходи, ако победиме ќе одиме на плус два, ако загубиме ќе бидеме на минус четири, ако одиграме нерешено ќе остане како што е – минус два. И како некој може да мисли дека сѐ ќе се реши во недела?“, додава Клоп.