Клоп: Јунајтед е моќен тим, се надевам дека нема да се вратат на овој меч!

На само еден ден од големот дерби во Премиер лигата, помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул, менаџерот Јирген Клоп одржа прес конференција за претстојниот меч.

„Црвените“ од „Енфилд“ одлично ја стартуваа сезоната и по осум кола се лидер на табелата со максимален број на бодови (вкупно 24), додека Јунајтед во овој натпредвар кој ќе се одигра утре влегува со само девет бода и моментно е на 12. позиција.

Сепак, и покрај осетната бодовна разлика, како и моменталната форма на двата тима, Клоп предупредува дека дека не смее да се отпише тим каков што е Манчестер Јунајтед, и покрај тоа што многумина сметаат дека Ливерпул лесно ќе дојде до нова победа во домашното првенство.

На Германецот особено не му се допадна мислењето на коментаторот на „Скај Спорт“, Дени Милс, кој пред неколку дена во идеалните единаесет вклучи само играчи на Ливерпул, иако имаше можност да склопи тим од свете екипи.

„Скај“ го одбра идеалниот тим и сите 11 играчи беа од Ливерпул. Тоа е шега, како кора од банана? Светот е вистински циркус во моментов, и ние сме во неговиот центар. Јас не сум засегнат од тоа и сум 100% убеден во моќта на Манчестер Јунајтед. Тие рекоа дека сме совршен ривал. Мислам дека нема многу тимови денес кои сакаат да играат против нас. Манчестер Јунајтед се чини дека е единствениот тим што го сака тоа. Имаат одличен тим, кој е во ситуација во која не сакаат да бидат, но можат многу од тоа да променат. Ние се надеваме дека нивното враќање нема да им биде против нас, заклучи менаџерот на Ливерпул.