Клоп: Градиме победнички менталитет, сакам да пишувате „Гигантите се вратија“!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен од победата на Ливерпул од 2-1 над Саутемптон и фактот што тимот од Мерсисајд не дозволи мечот со Челси да влијае врз нив против Саутемптон.

Германецот објасни дека тимот од „Енфилд“ тек почнува да победува по навика, иако очекувањата упатуваа на замор и можно потценување од страна на европските шампиони.

Јас немам никаква врска со околу 99% од трофеите што клубот ги има освоено. Потребно е долго време да се ослободиме од товарот на успехот во минатото и се радувам дека повторно освојуваме натпревар. Секако, никогаш нема да ги заборавиме минатите генерации. Поддржувачите ќе сторат сé што можат, за да не спречат да го сториме тоа. Не можам да кажам дека ја газиме конкуренција во моментов, но почнуваме да градиме навики на победниците. Точен е ставот што го заземавме на теренот против Саутемптон. Им кажав на играчите дека овој натпревар е огромна стапица. Сите очекуваа да се „лизнеме“, а насловите се чинеше дека веќе се напишани. Но, им реков дека омилениот наслов ми е „Гигантите се вратија“. Точно така се чувствувам токму сега. Направивме одлична работа. Сега е време да се вратиме дома и да закрепнеме. И потоа ќе играме повторно и повторно, истакна Клоп.