Клоп го тргна ривалството на страна: Среќен сум што Манчестер сити ќе игра во ЛШ

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, даде свое мислење за одлуката на Судот на арбитража за спорт (КАС) за откажување на дисквалификацијата на Манчестер сити во евро-куповите.

Имено, на Сити неодамна беше изречена забрана за настап во европските купови две години и парична санкција со 30 милиони евра, поради нарушување на финансискиот фер-плеј, но КАС ја одобри жалбата на англискиот клуб и ја откажа дисквалификацијата, а воедно и ја намали казната на 10 милиони евра.

Среќен сум што Манчестер сити ќе може да игра во Лигата на шампионите следната година. Доколку оваа екипа имала 10-12 натпревари помалку следната сезона, тогаш другите екипи од Премиер лигата не би имале шанса да се натпреваруваат со неа во борбата за титулата во лигата, изјави Клоп.