„Клоп, дали конечно ќе го земеш Тимо Вернер?“

Екипата на Мајнц се пошегува на своја сметка по поразот од Лајпциг со 0-5 во рамки на Бундеслигата.

Од петте примени гола, три беа дело на Тимо Вернер, по што Мајнц испрати јасна порака до менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Клоп, дали конечно можеш да го собереш?, се вели во пораката која беше објавена на Твитер-профилот на Мајнц.

Веќе со месеци се пишува дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за услугите на Вернер. Клоп ја помина скоро целата своја кариера како фудбалер во Мајнц. Од 2001 до 2008 година, тој беше тренер на овој тим.