Клоп: Би сакал да го тренирам Баерн, но во еден клуб доживотно би останал

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е новиот крал на „Енфилд“, особено откако минатата година неговиот тим ја освои титулата во Лигата на шампиони.

Германскиот стручњак со „црвените“ имаат договор до 2022 година, а челниците на клубот би посакале уште веднаш да ја продолжат соработката со него.

Запрашан од новиварите на „Билд“ дали во иднина би можел да ја тренира репрезентацијата на Германија, Баерн од Минхен или пак би се вратил во Борусија од Дортмунд, менаџерот на Ливерпул не ја исклучи можноста да даде категоричен одговор.

Би сакал прво репрезентацијата, потоа Баерн, па би се вратил во Дортмунд и на крај доживотно би го тренирал Ливерпул. Но, прво се надевам дека ќе продолжам во ист ритам, а потоа ќе носам одлуки. Се е множно. Ова ви го кажувам за да не се изненадите кога ќе дојде тој момент, изјави Клоп.

Клоп седна на клупата на Ливерпул во октомври 2015 година, а пред тоа го предводеше тимот на Дортмунд. Тренерската кариера ја започна во Мајнц во 2001 година.