Класа од човек: Буфон воодушеви со одговорот кон Ракитиќ за понудата да оди на СП! (ФОТО)

Откако хрватскиот репрезентативец на Барселона, Иван Ракитиќ изјави дека би му го подарил местото на СП на легендарниот Џиџи Буфон, откако Италија испадна од баражот и по 60 години првпат нема да биде дел од Мундијалот, голманот на Јувентус „не му остана должен“ на Хрватот, па му одговори на свој начин. Одговорот на Буфон практично ги воодушеви сите и Буфон уште еднаш ги собра симпатиите на јавноста покажувајќи дека е класа од човек.

„Јас на Буфон нема што да му објасувам околу фудбалот. Би сакал да му го препуштам своето место на СП. Сè што тој даде за фудбалот е големо. Тоа го знае секое дете, кое почнува со набројување на играчи. Кога разговарав со него по мечот со Шведска, ќе се расплачев и јас. Како фудбалер многу ми е жал што нема да игра на СП во Русија“, рече Ракитиќ.

Одговорот од Буфон стигна експресно.

„Драги Иване, јас како голман можам сè уште да играм, но да играм за Хрватска како играч за врска на место тебе, тоа не е баш најдобра идеја. Го кажувам ова за твое добро. Шегата на страна, твоите зборови се голем дар за мене. Ви благодарам на тебе и на Жорди Алба, мојот дрес ве чека“, одговорил Буфон.