Ќе има „војна“ за неговиот потпис: Челси го продава својот голгетер за мизерна цена

Францускиот напаѓач Оливие Жиру сака да го напушти тимот на Челси затоа што не е задоволен од минутажата која му ја дава менаџерот Френк Лампард.

Жиру пристигна на „Стемфорд Бриџ“ на почетокот од 2018 година од Арсенал, но не се наметна премногу кај менаџерите на Челси. Оваа сезона, тој очекуваше дека Френк Лампард ќе планира на него, но тоа не се случи.

Оваа сезона Лампард голема минутажа му дава Тами Абрахам, кој воедно ја оправда дадената шанса, а прва замена за него е Мичу Батшуаи.

Францускиот напаѓач јавно призна дека не е задоволен од неговиот статус во лондонскиот клуб, а Лампард изјави дека го разбира и дека веќе му е дозволено да си бара нов клуб.

Англиските медиуми пренесуваат дека Жиру сигурно ќе ги напушти „сините“ веќе во јануари, а Челси ќе заработи „ситница“ од неговата продажба.

Британски „Сан“ пишува дека францускиот напаѓач вреди само околу три милиони фунти, што e навистина премалку за фудбалер од негов калибар.

Целта на Жиру е да остане во Премиер лигата, а поради малата цена интересот ќе биде огромен. Наводно, Кристал Палас веќе го контактирал францускиот играч и тие се подготвени да го купат на почетокот на 2020 година.