Ќе има ли нова бомба во Лондон: Челси понудил 100 милиони фунти за ѕвезда на Барса!

Откако се погласно се најавува дека Барселона ќе го продаде бразилскиот репрезентативец Фелипе Кутињо, кого пред една година го платија 165 милиони евра, англиски медиуми најавија дека лондонски Челси прв тргнал во обид да го ангажира фудбалерот за врска.

Кутињо беше ѕвезда на Ливерпул и дојде во Барселона како големо засилување, во последниот период не е ни близу препознатливата форма, па откако се појави можност да биде вратен Нејмар, на површина излезе и потензијалната продажба на Кутињо. Сега, англиски весници објавија дека Челси веќе ја исконтактирал Барселона за можноста да го купат Бразилецот и наводно веќе понудиле 100 милиони фунти.

Оваа информација доаѓа само неколку часа откако Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул посочи дека „црвените“ немаат намера да го вратат Кутињо и дека тој е завршена приказна. Инаку интерес за Кутињо има и од Манчестер јунајтед, а Барселона го има како адут во можниот трансфер на Нејмар за да го вклучат фудбалерот за врска со доплата за да си го вратат најскапиот светски фудбалер.

Кутињо во последно време е во сенка на Осман Дембеле, кој е поагилен во нападот и сега Бразилецот ја грее клупата на Каталонците.