Ќе биде „весело“: Барселона и Интер влегуваат во „војна“ за потписот на Покетино!

Само неколку часа откако излезе шпекулацијата дека аргентинскиот стратег Маурицио Покетино е еден од фаворитите за тренерската фотелја во Интер, од Шпанија доаѓаат информации дека Барселона во него гледа замена за сегашниот предводник од клупата, Кике Сетјен.

Поранешниот тренер на Тотнем пред неколку години изјави дека никогаш не би се нафатил да седне на клупата на Барса, пред сѐ од почит кон градскиот ривал Еспањол чиј предводник беше во минатото, но сега работите може да се сменат. Еспањол испадна во Втората лига, што остава простор за Покетино да се нафати да дојде на „Камп Ноу“, без да ги навреди чувствата на навивачите на својот поранешен клуб.

Негов конкурент за местото во Интер е Алегри, додека засега е прв фаворит за наследник на Сетјен. Сето ова највува пеколен период во кој управите на италијанскиот и шпанскиот гигант ќе се натпреваруваат кој прв да дојде до потписот на одличниот стратег од Аргентина.