Кире Маркоски стрелец во победата на Спартак Трнава

Македонскиот интернационалец, Кире Маркоски успеа да се запише во листата на стрелците во победата на Спартак Трнава од 3-1 над Дунајска Стреда.

Маркоски ја доби довербата од својот тренер и беше стартер на овој натпревар. Му возврати на најдобар момен начин. во 48 минута постигна погодок за водство од 2-1 за својот тим. Потоа домаќините постигнаа уште еден гол и запишаа големи три бода.

Со оваа победа екипата на македонскиот интернационалец ќе се искачи на шестата позиција со 25 освоени бодови.