Кике Сетиен со победа дебитираше на кормилото на Барселона! (ВИДЕО)

Со голот на Лионел Меси во 76. минута, екипата на Барселона се врати на врвот во Ла Лига, откако славеше на домашен терен против Гранада со 1-0 во рамки на 20. коло од шпанското првенство.

Каталонците долго време се мачеа да дојдат до посакуваната предност, имаа иницијатива на натпреварот, но недостасуваше завршната реализација, а воедно гостите одлично одолеваа на нивните напади. 

Сепак, моментот на одлука се случи во 76. минута, кога Видал го проигра меси во шеснаесетникот, а Аргентинецот ретко греши од такви ситуации. Инаку, осум минути претходно, Гранада остана со играч помалку, па евидентно се почувствува празнината на дефанзивецот Жерман Санчез. Исто така на овој меч дебитираше новиот предводник на Барселона, Кике Сетиен, кој во иднина ќе има многу работа да ги состави победничките коцки, особено што Каталонците имаат големи амбиции сезонава и во домашното првенство и во Лигата на шампиони.

Со оваа победа, Барселона сега има 43 бода, исто колку и Реал Мадрид, а овие два тима се очекува да ја водат главната битка кога е во прашање титулата во Ла Лига.