Кин „удри“ по фудбалерите на Јунајтед: Кога ги гледам како се загреваат... (ВИДЕО)

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, важи за еден од најконтроверзните фудбалери во историјата, пред се поради својот пргав карактер.  

Кин моментно е ангажиран како коментатор за британски „Скај“, а пред самиот почеток на натпреварот меѓу Ливерпул и Манчестер Јинајтед - тотално се разочара.

На Ирецот му „пукна филмот“ кога виде како поедини играчи на „Црвените ѓаволи“ се загреваат, па веднаш започна со остри критики.

Кога го гледам Лук Шо дека се враќа во тимот... Како наближува натпреварот, така сум се позагрижен. Добро се чувствував пред два часа. Но, кога гледам како се загреваат во тие глупави капи...., истакна изреволтирано Кин.   

Инаку, по првото полувреме Ливерпул води со голот на Ван Дајк во 14. минута.