Кин „распали“ по ѕвездите на Јунајтед: Вие сте измамници, немате никаква страст!

Манчестер јунајтед триумфира со 3-2 против Ипсвич, но легендарниот фудбалер Рој Кин не е задоволен со настапот на неговиот поранешен клуб.

Кин често ги критикува „црвените ѓаволи“ поради очајните настапи и резултати, а така беше и по дуелот против Ипсвич.

„Овие фудбалери го немаат тоа што е потребно за да бидат дел од Манчестер јунајтед. Немаат никаква страст, уште помалку се борат. Вие сте проклети измамници. Капитенот треба да биде пример за останатите, но тој повеќе се жали на судиите отколку што го води тимот“, кажа Кин.