Келн со пресврт ги шокира „милионерите“, лидерот се „лизна“ во Франкфурт (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд пропуштија шанса да се искачат на врвот од Бундеслигата, откако попладнево загубија на гостувањето во Келн (2-3), иако го имаа водството по првите 45 минути (1-0).

Брандт им донесе водство на „милионерите“ во 31. минута на радост на нивните навивачи, кои веќе почнаа да ѝ се радуваат на победата со оглед на фаворитската улога на нивните миленици. Но, домашниот тим во само три минути направи целосен пресврт со головите на Каинц во 53. и на Тигс во 56. минута, додека Љубичиќ во 71. минута го зголеми водството на „јарците“. Седум минути подоцна Шмит со автогол ги врати гостите во игра, но то се покажа како конечен резултат. (головите ТУКА)

Лидерот Унион Берлин, пак, пропушти шанса да се одлепи на врвот, откако загуби на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт (0-2). Лајпциг беше убедлив против Бохум (4-0), а доминацијата на домашните во ова коло ја потврдија фудбалерите на Волфсбург против Штутгарт (3-2), односно на Фрајбург против Мајнц (2-1).