Кејн се огласи по повредата: Ќе работам напорно, ви благодарам на пораките (ФОТО)

Напаѓачот на Тотнем, Хари Кејн се огласи преку социјалните мрежи, откако беше соопштено дека доживеал тешка повреда.

Кејн ќе мора да паузира до почетокот на март, поради повреда на лигаментите на скочниот зглоб на мечот против Манчестер јунајтед.

Навивачите беа шокирани, а нивниот напаѓач се огласи преку социјалните мрежи и ги смири.

„Повредите се составен дел од играта, но никој нема да работи понапорно од мене за да се врати на теренот. Ви благодарам на пораките“, напиша Кејн.

Англичанецот сезонава одигра 31 натпревар во сите натпреварувања и постигна 20 голови и шест асистенции.