Кејлор Навас го напушти ПСЖ и се пресели во - Премиерлигата!

Голманот кој освои три титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, Костариканецот Кејлор Навас, од утре ќе биде нов член на Нотингем Форест.

Клубот кој беше хит на трансфер-пазарот минатото лето, остави свој печат и овој јануари, ангажирајќи ја најголемата ѕвезда досега во своите редови. 

Навас доаѓа на позајмица до крајот на сезонава, откако претходно се разбра со раководството на ПСЖ, дека нема потреба од него, јасна прва опција за голот е Џиџи Донарума.

Последниве денови се зборуваше за негов премин во клубот кој во моментов е на 13. место во Премиерлигата и се бори за опстанок, а вечерва двата клуба ги договориле условите. Навас има 36 години, а откако дојде од Саприса во 2010 година, го чуваше голот на Албасете, Леванте, Реал Мадрид и на ПСЖ.