Кавани режираше епски пресврт за победа на Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со епски пресврт после негатива од два гола по еден час игра, успеа да стигне до неверојатна победа благодарение на двата гола на уругвајската ѕвезда Единсон Кавани дополнети со една негова асистенција, за триумф со 3-2 на гостувањето во Саутемптон и петта сезонска победа на „црвените ѓаволи“ сезонава.

„Црвените ѓаволи“ беа на раб на бездната откако по пола час игра се најдоа во негатива од 0-2, а потоа останаа и без првиот голман Давид Де Хеа, кој се повреди, но Кавани и Бруно Фернандеш си разменија по една асистенција за да погодат во 14 минути и да го вратат Јунајтед во игра, а потоа следуваше завршниот удар од Уругваецот на асистенција на Маркус Рашфорд во судиското надополнување за победа.

Саутемптон набрзина за десет минути во средина на вториот дел од 23-та до 33-та минута преку Беднарек и Вард Праус погодија за водство од 2-0, па на сцена стапи португалско-уругвајскиот тандем за да извлечат бод. Прво Фернандеш погоди на асистенција на Кавани во 60-та минута, за Јунајтед да се врати во мечот, а потоа португалскиот плејмејкер возврати со асистенција за уругвајската ѕвезда да погоди во 74-та за да израмни.

Во 90+2-та минута, Кавани даде уште еден за победа за да го заокружи својот перфектен настап, ама и да го круниса епскиот пресврт за три бода на својот тим

Но, допрва маките и главоболките ќе почнат за Оле Гунар Солшер, откако Де Хеа се повреди, сканува збор за скочниот зглоб и тој беше заменет со Дин Хендерсон, а допрва ќе се види колку е сериозна повредата и колку би паузирала „единицата“.

Манчестер со триумфот сега има 16 бода и стигна до седмото место на табелата, додека Саутемптон остана петопласиран со 17.